Тимот на ТФТ Mozzart направи промени во ростерот и се раздели со Џермејн Бишоп, а донесе големо засилување за вториот дел од сезоната. Нов член на ТФТ е доскорешниот репрезентативец Марко Симоновски.
Бекот ќе донесе неопходно искуство во тимот на ТФТ, со оглед дека одлично ја познава домашната лига каде во минатото играше за Кожув, МЗТ Скопје, Работнички, Куманово, Фени Индустри и за Вардар.
Марко Синоновски градеше и интернационална кариера во Иран, Франција и во Иран.