Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран, откако машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава.
На средбата е договорено за платата за јули менаџерскиот тим во соработка со министерствата за финансии и транспорт да смогне сили вториот дел да го исплати до 25-ти месецов. Доколку не биде исплатен, наредниот ден, на 26 август, машинскиот персонал повторно ќе биде во бојкот и нема да ги извршува работните задачи.
Тој најави и дека повторно ќе го блокираат железничкиот сообраќај доколку не им биде исплатен и надоместот за квалитет во износ од 30 проценти, што со јунската плата им бил намален на 20 проценти.
Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал почна вчера во 16 часот со целосна блокада на патничкиот и товарниот сообраќај.