Делчево како Кочани: Пожарот зафати дел од куќите во делчевско село, населението евакуирано

По 14 часот попладнево повторно се разгоре пожарот во маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото, јавуваат новинарите кои се на терен

-Веќе трет ден сме овде и се бориме со оваа огнена стихија која е крајно сериозна и загрижувачка, и веќе направи голема штета на шумскиот фонд. За среќа, немаме жртви и тоа ни беше приоритет за да ги евакуираме сите изнемоштени лица во ова село. Максимални напори вложуваат сите кои се овде и од месното население, изјави градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, Шумско стопанство кои заеднички учествуваат на негово локализирање.

Претходна вестМашиновозачите добија плата за јуни, возовите тргнаа – ако нема за јули пак ќе запрат
Следна вестПетровска разрешена од Инспекторатот за животна средина, именуван друг кадар на ДОМ