Темен режим Режим на светлина

Градоначалникот на Берово бара помош за пожарот кој се шири од Пехчево

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, попладнево преку социјалните мрежи упати порака со која алармира за сериозноста на силниот пожар кој се шири од Пехчево.

-Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села, порача Пекевски и упати апел за масовно вклучување на населението во гасење на пожарот.

Според информациите, пожарот доаѓа од високо, од шумските предели над селата, но се шири на голема површина.

На терен се противпожарните единици од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС.

Се апелира и до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, со цел последиците и штетите да бидат помали.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Петровска разрешена од Инспекторатот за животна средина, именуван друг кадар на ДОМ

Следна објава

Затворен патот Делчево-Пехчево, пет хеликоптери упатени да го гасат пожарот