Маските во школите остануваат, Комисијата смета дека е рано да се расправа за тоа

Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека ставот е претходно познат – за укинување е рано да се размислува поради малиот процент на целосно вакцинирано население.

– Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка, рече Мехмедовиќ.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати.

-Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата и таа треба да процени дали маските веќе не се толку важни. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, рече Шаќири.

Претходна вестМНР со реакција на регрутирањето борци преку Украинската амбасада
Следна вестПроменливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег