Бројни пакети со разновидна помош од вчера се собрани на главниот скопски плоштад во рамките на акцијата за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Стотици пакети со носат и на вториот пукт во Старата чаршија а истовремено, и натаму се донира на двата телефонски броеви кои се отворени за собирање на средства, со цел, помош на семејствата на настраданите лица, како и на оние кои останаа без кров над глава. Пунктови за помош се отвораат и во помалите градови, а денеска се отвора еден во Битола кој ќе функционира од 9 до 15 часот.
На пунктот на плоштадот во Скопје кој работи 24 часа, хумани граѓани донесоа ќебиња, прекривки, јакни, шатори. Се носат и конзервирана храна, средства за хигиена, алишта.
Оtтаму информираат дека акцијата ќе трае до сабота на полноќ, по што потоа истите ќе започнат да се транспортираат кон погодените подрачја и ќе бидат доставени до најпогодените семејства во Турција.
Црвениот крст на Северна Македонија отвори и сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани фирми и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија: – Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија; – донација од 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1