Велика Британија периодов е зафатена од масовни протести. Кон масовните протести на англиските медицински сестри кои бараат значителни покачувања и подобри услови се приклучуваат и итните служби.
– Со тешко срце побарав денес уште повеќе медицински сестри да се приклучат на борбата, рече генералниот секретар на водечкиот синдикат на Кралскиот колеџ за медицински сестри (RCN) Пат Кален.
Следниот штрајк е најавен да трае 48 часа без престан од утрото на 1 март, а претходните траеја најмногу 12 часа. Сега за прв пат во акцијата ќе учествуваат медицински сестри кои работат во итната медицинска помош, интензивна нега, онкологија и други одделенија кои досега не се вклучиле. Бројот на медицински сестри кои работат ќе биде „сведен на апсолутен минимум.
Британскиот премиер Сунак ги одби барањата за зголемување на платата оваа година.
Освен медицинските сестри штрајк најавија и вработените во британските железници. Британскиот железнички синдикат во четвртокот објави дека десетици илјади негови членови ќе учествуваат во штрајк на 16 март поради долготрајниот спор околу платите.