Не молчевме кога не тепаа, шиканираа, затвараа… немаме намера ни сега – стоп за понижувањата од политичарите

Здружението на новинари и Самостоен синдикат на новинарски работници денес се излезени на улиците на Скопје, пред се да го искажат своето незадоволство од односот на политичарите кон нив.  На самиот почеток, пред присутните се обрати Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

– Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Државниот PR кој ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција.  Патем, безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде, изјави Чадиковски.

Никој повеќе не ја почитува новинарската професија, не потценуваат и навредуваат, но ние нема повеќе да молчиме, рече и Претседателот на ССНМ Павле Беловски.

– Не молчевме и кога тепаа, шиканираа, затвараа, кога ги губевме работните места… немаме намера ни сега. Создадовме џин кој нема да молчи и нема да ја крие вистината, рече Беловски.

Протестниот марш започна во 10.30 часот. Новинарите ќе се движат од Владата на РСМ, до Собранието на РСМ.

Претходна вестТурскиот ФК Газијантеп поради земјотресот ќе го позајми Лука Станковски во словенечка Горица
Следна вестМасовни протести во Велика Британија, на медицинските работници им се приклучуваат и железничарите