Турскиот ФК Газијантеп поради земјотресот ќе го позајми Лука Станковски во словенечка Горица

Лука Станковски младинскиот фудбалски репрезентативец, до крајот на сезоната ќе настапува за словенечкиот прволигаш Горица како позајмен играч. Поради катастрофалниот земјотрес во Турција, неговиот клуб Газијантеп се откажа од натпреварувањето во Суперлигата на Турција.

Се со цел да го продолжи континуитетот на натпревари бидејќи моментално во Газијантеп не постојат услови за фудбалски активности, Станковски се договори во пролетниот дел од шампионатот да игра за Горица.

Лука имаше голема среќа за време на земјотресот во Турција да биде во Скопје, откако доби неколку слободни денови од клубот.

 

Претходна вестСветско православие или кривославие: Колку имиња ќе има МПЦ-ОА?
Следна вестНе молчевме кога не тепаа, шиканираа, затвараа… немаме намера ни сега – стоп за понижувањата од политичарите