Маж физички ја нападнал сопругата во Тетово

Триесет и петгодишна жителка на тетовско село вчеравечер околу 22 часот и 30 минути пријавила дека нејзиниот сопруг А.И.(33), по меѓусебна вербална расправија, половина час пред тоа, физички ја нападнал.

Нешто подоцна, тој е повикан во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.

Претходна вестСтолтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, но во иднина
Следна вестСпасовски: Ќе има одговорност за давање плати на тие што не доаѓале на рабата