Со тешки телесни повреди се здобиле момче и девојка откако доживеале сообраќајна несреќа на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови.
– Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „Хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван 38-годишниот Б.Н. од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница каде биле пренесени за укажување лекарска помош, информира МВР.