Граѓаните од Ѓорче Петров со иницијатива против висококатници во Дексион

Граѓаните од Ѓорче Петров организирани во Иницијативата против урбаното дивеење денеска поднесоа барање за ревидирање на ДУП-от С3 24 за Дексион Јурија. Барањето е поднесено до градоначалникот Александар Наумоски и Советот на општината.

Во него се бара намалување на катноста на зградите и укинување на одредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката, да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува 90.000 квадратни метри и 800 станови, како и да се намали опфатот на градежната површина и да се зголеми површината за зеленило.

-Доколку нашето барање не биде прифатено ќе поднесеме преставка до Уставниот суд во која ќе бараат времена мерка за деталниот урбанистички план и повторно ќе излезат на протест, но овој пат пред зградата на Општина Ѓорче Петров, изјави Горан Костов од Иницијативата.

Тој потенцира дека е време општината и градоначалникот Наумоски да покажат дека се на страната на граѓаните, а не на урбаната мафија и профитот.

-Очекуваме да го прифатат нашето барање и да биде ставено како точка на дневниот ред на наредната седница на Советот, рече Костов на денешната прес-конференција

Претходна вестМаж и жена тешко повредени по пад од мотор
Следна вестСи купил лажен негативен тест за вирусот и се обидел да влезе во Косово