Си купил лажен негативен тест за вирусот и се обидел да влезе во Косово

Обид за влез на косовска територија од македонски државјанин со лажен негативен тест на корона вирус открила завчера косовската гранична полиција. Во билтенот на косовското МВР се наведува дека станува збор за маж, етнички Албанец од Македонија.

-Лицето е уапсено затоа што при преглед на документите тој приложил тест за ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето, осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура, се вели во билтенот на косовското МВР.

Претходна вестГраѓаните од Ѓорче Петров со иницијатива против висококатници во Дексион
Следна вестПолицијата вчера казнила 376 возачи, најмногу за брзо возење