Продолжува црниот биланс: Седум починати и 163 новозаразени од корона вирусот

Седум лица починаа во изминатово деноноќие, а 163 се новозаразени од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Починати се двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г), се наведува во информацијата.

Во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 33, Куманово 17, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 7, Тетово 13, Струга 3, Велес 6, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 5, Гостивар 8, Гевгелија 3, Струмица 18, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Кочани 11, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Валандово 2, Виница 2, Делчево 7, Свети Николе 1, Кичево 3 и Ресен 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје 46,-Куманово 13,Штип 7,Прилеп 12 ,Тетово 3,Струга 2,Велес 1,Битола 3,Охрид 4,Кавадарци 4,Гостивар 12,Крива Паланка 2,Кочани 3,Пробиштип 2,Македонски Брод 2,Пехчево 2,Берово 3,Валандово 1,Делчево 4 ,Кратово 1,Кичево 3 и Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088,  бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870, се наведува во информацијата.

Претходна вестОпштина Центар подели 150 пакети храна за пензионерите и згрижувачките семејства во Центар
Следна вестДвајца затвореници се обиделе да силуваат 19-годишен затвореник