Стојан Андов: Бугарскиот меморандум треба да ги растрча претседателот и премиерот по европските земји

„Скопско Ехо“ праша што мисли поранешниот долгогодишен прв парламентарец, Стојан Андов за бугарскиот меморандум упатен до земјите членки на ЕУ во кој се тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август 1944 година:

-Бугарскиот Меморандум е резултат на внатрешните политички потреби во Бугарија иако на сите ни е јасно дека тој нема основ. Таму наскоро треба да се случат изборите и постои закана дека ќе падне актуелната Влада. Заради тоа се заземаат позиции на сметка на Македонија. Самиот Меморандум е спротивен на духот на европската идеја, на ЕУ и мислам дека тој нема да има некој долгорочен ефект.

Ова е обид за дестабилизација на нашата земја и кај нас да се пренесе внатрешната ситуација од Бугарија.

Ние како земја не треба да одговараме на ова со кавги туку да поведеме објаснувачка активност. Нашите функционери – претседателот на државата, премиерот, министерот за надворешни работи, амбасадори треба да се активираат и да направат што повеќе посети на европските земји. Мислам дека е посебно важно да се направат контакти и средби во Франција, во Италија за да се објасни дека ова не смее да биде пречка за нашата евроинтеграција. Ја имаме поддршката на повеќе други земји – на Словенија, Хрватска, Чешка, Германија.. на многумина им е јасно за што се работи, истакна Андов.

Претходна вестКонечно полицијата е поприсутна на улиците: Вчера казнети 379 возачи во Скопје
Следна вестНикола Жежов: 26 историчари пред 3 години предупредивме дека ќе се случи ваков бугарски меморандум