Маж и жена тешко повредени по пад од мотор

Со тешки телесни повреди се здобиле момче и девојка откако доживеале сообраќајна несреќа на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови.

– Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „Хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван 38-годишниот Б.Н. од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница каде биле пренесени за укажување лекарска помош, информира МВР.

Претходна вестЌе носиме ли по две маски од следниот месец?
Следна вестГраѓаните од Ѓорче Петров со иницијатива против висококатници во Дексион