Маж ја нападнал невенчаната сопруга и самиот се пријавил во полиција

Во полициската станица во Гостивар се пријавил 47-годишен маж кој бил пријавен од неговата невенчана сопруга дека физички ја нападнал. Против него ќе следува пријава.

– Вчера околу 14 часот во Полициската станица Гостивар се пријавил 47-годишниот А.У. од гостиварско Здуње, кој претходно бил пријавен од неговата 45-годишна невенчана сопруга дека физички ја нападнал, соопшти МВР.

Од полицијата велат Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против А.У. ќе следува пријава.

Претходна вестМеси ја надмина бариерата од 100 гола во дресот на Аргентина
Следна вестВеќе три дена не може да се извлече човечки труп во неготинско