Негонтичанец вчера со морот удрил во куќа па го напуштил местото. Подоцна во болница му биле констатирани тешки телесни пивреди.
– На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото. По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.