Маж прегазил жена во Скопје

Маж од Студеничани прегазил повозрасна жена во Скопје. Жената се здобила е тешки телесни повреди.

– На 09.12.2023 во 19.45 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вест„Левица“: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година
Следна вестОхриѓанец ранет од куршум