Маж со ловечка пушка и се заканувал на сопругата

32-годишен Тетовец со пушка и се заканувал на сопругата. Полицијата му ја одзела.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчера (1 јануари) во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З.Ј., кој претходно бил пријавен од неговата 36-годишна сопруга дека во куќа во тетовско село, каде престојувале, физички ја нападнал и и се заканувал, информираат од МВР.

При лишувањето, од З.Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на неговиот дедо.

Претходна вестПродолжува празничната програма на скопскиот плоштад, ќе пеат Златните славејчиња, Нино Величковски…
Следна вестПосебна комисија ќе го испитува случајот со новороденчето со скршеница на раката