Продолжува празничната програма на скопскиот плоштад, ќе пеат Златните славејчиња, Нино Величковски…

И вечерва продолжува празничната програма којашто се изведува на централниот скопски плоштад „Македонија“. Организаторите од Градот Скопје и од Комората на музичка индустрија предвидоа анстап на повеќе естрадни ѕвезди.

Така, со почеток во 18 часот први ќе настапат Златните славејчиња, а потоа настапуваат Нино Величковски и Полина Тасева. На крајот од програмата свој настап ќе има и групата Мјузаик.  Водител е Марко Новески

Претходна вестСтрујомерите вртат по новата цена, мораше ли да се наплаќа мрежарина?
Следна вестМаж со ловечка пушка и се заканувал на сопругата