22-годишен маж со нож се обидел да го нападне татко му, откако претходно се скарале, соопшти полицијата. Против него е поднесена кривична пријава.
– ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.11.2023 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот се обидел со нож да го нападне својот татко, информираат од МВР.