Маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, повредени жена и две деца

Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку тешки сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија пет лица.

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.

Според првичните информации на СВР Штип, во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.

Возачот, 39-годишен маж од Скопје, починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.

Увидот во несреќата е во тек.

Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку тешки сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија вкупно пет лица.

Претходна вестВо мај уште еден продолжен викенд
Следна вестНа изборите ќе кажеме стоп за лошата глума