Во мај уште еден продолжен викенд

Денеска се одбележува вториот ден на Велигден според православниот календар и е неработен за сите граѓани на земјава.

Овој месец ни престои уште еден неработен ден, а тоа е 24 мај (петок) кога се одбележува „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители.

За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден.

На 23 мај (четврток) се одбележува Националниот ден на Власите и ќе биде неработен за припадниците на оваа националност, додека 16 јуни (недела) муслиманите во земјвата ќе го слават Курбан Бајрам, а неработен ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам.

Претходна вестДенеска сонце и температури до 26 степени, од утре нов циклон
Следна вестМаж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, повредени жена и две деца