Мечка и две мали мечиња се забележани на патот во село Маврово во истоимениот национален парк. Видео од овој случај денеска го сподели еден корисник на платформата „X“.
На снимката се гледа мечка и две мали мечиња како поминуваат пркеу патот не загрозувајќи никого.
Ова е ново појавување на мечките по повеќе случаи забележани во изминативе месеци во западниот дел од Македонија.