Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи. При нападот тој бил повреден, а до сериозни последици не дошло благодарение на ловците кои биле во близина.
– Човекот бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а откако слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, соопшти ЦУК.
Нападнатото лице било кое било преплашено, се здобило со телесни повреди.