Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на УКРО

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерот Меџити инфомира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот.

-Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот – информираше министерот Меџити.

Во првата фаза се предвидува физичка инсталација на системот, по која следат мерења,калибрации, моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Исто така се предвидува вршење на обука за работа до апаратот. Согласно предвидената динамика инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу 3-4 месеци, по што истиот ќе биде пуштен во употреба.

Претходна вестГрад Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет
Следна вестПрилепчанец паднал од тротинет и тешко се повредил