Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се одржуваат во светлината на јубилеите о повод 70 години од основањето на Институтот и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, на директоркат на Институтот Елена Јованова-Грујовска и на претседателката на МОО Лидија Тантуровска.
На настанот ќе биде промовиран Зборникот од VII меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Промотор ќе биде проф. д-р Лидија Аризанковска.