Меѓу 11 починати и 35-годишен скопјанец, 347 новозаразени и 378 оздравени од корона ворисот

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 179,Куманово 24,Тетово 14,Прилеп 5,Гостивар 8,Штип 13,Битола 1,Велес 11,Охрид 18,Струмица 7,Кавадарци 13,Струга 4,Кочани 8,Кичево 4,Свети Николе 2,Гевгелија 1,Дебар 4,Ресен 1,Крива Паланка 3,Берово 4,Делчево 10,Пробиштип 5,Виница 1,Богданци 3,Крушево 1,Демир Капија 2 и Пехчево 1.

-Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.).  Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: Скопје 270,Куманово 13,Тетово 11,Прилеп 15,Гостивар 4,Штип 5,Битола 3,Велес 6,Струмица 9,Кавадарци 8,Струга 1,Кочани 4….

Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269, информира Министерството.

Претходна вестМВР соопшти детали за синоќешната тешка сообраќајка на Рузвелтова
Следна вестПолицијата приведе 50 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка