МВР соопшти детали за синоќешната тешка сообраќајка на Рузвелтова

На 22.01.2021 во 21.15 часот на крстосницата од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(31) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.Ј.(57) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите Д.А. и И.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, односно во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСедумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал
Следна вестМеѓу 11 починати и 35-годишен скопјанец, 347 новозаразени и 378 оздравени од корона ворисот