Мекгрегор повторно го навреди Волкановски, Македонецот го предизвика на борба

Препукувањето помеѓу познатиот борец Конор Мекгрегор и неговиот австралиски колега со македонско потекло, Александар Волкановски, трае подолго време. Деновиве Мекгрегор во негов стил на „големина“ повторно го навреди Волкановски.

Имано, за време на УФЦ 293 натпреварувањето, кое се одржа викендов, Мекгрегор давал свои предвидувања за борбите, и без посебен повод го спомнал и силниот Волкановски, кој воопшто не се натпреварува, нарекувајќи го „мало колбавче“.

Волкановски кој е роден и живее во Австралија, но по потекло е од Македонија на што се гордее, веднаш одговори на провокацијата и го предизвика Конор на пресметка  во рингот. Македонецот се чини не зборува многу, ќе остави аперкатите и директите да си го кажат своето.

Претходна вестАнтикорупциска комисија: Со донациите за ДУИ е прекршен законот, на потег се ДЗР и Министерството за правда
Следна вестПриведени четворица мажи од Косово, илегално влегле во Македонија