Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси го сотвари својот сон. Стана светски шампион. Сега вели – продолжува понатаму, нема да се откаже од аргентинскиот дрес и ќе игра врвен фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до остварување на сонот и освојување на третата светска титула во историјата.
Постигна два гола во фантастичниот меч со Франција, кој заврши 3:3 по 120 минути игра за да Аргентина победи со 4:2 на пенали кога Меси даде уште еден гол. По натпреварот капитенот проговори за својата иднина.
– Не, нема да се повлечам од аргентинската репрезентација. Сакам да продолжам да играм како шампион. Лудо е што ја освоивме титулата на ваков начин. Знаев дека Господ ќе ни ја даде круната. Имав чувство дека ќе биде на ваков начин. Видете го трофејот, колку е прекрасен. Страдавме, но стигнавме до целта. Едвај чекам да дојдам во Аргентина да видам колку ќе биде лудо. Ова е трофејот кој го сакав целиот мој живот, мојот сон од детството, изјави Меси за аргентинската „TyC sports“.
Според многумина со оваа шампионска титула Меси докажа дека е најдобар фудбалер во светот.