Казнети 166 возачи во Скопје, 56 возеле пребрзо, 31 бил пијан…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли.

Имало и 14 мерки за возење без возачка дозвола и 31 санкција за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестСе чествува Свети Никола, заштитник на немоќните и една од најчестите слави во Македонија
Следна вестМеси: Сакам да продолжам да играм, знаев дека Господ ќе ни ја даде круната