Сообраќајна несреќа во Чаир, две лица повредени

Попладнево се случила сообраќајна несреќа во скопски Чаир, каде се судриле три возила.

Од СВР Скопје велат дека две лица се повредени.

Во несреќата учествувало и полициско возило.

„Несреќата се случи во 18 часот. Вклучени се автомобилите „порше“ со скопски регистерски таблички, автомобилите „пасат“ со скопски регистерски таблички и автомобилот „шкода“ во сопственост на МВР. Со телесни повреди се здобиле две лица за кои не се знае во кој автомобил биле. Едниот е препратен во Општата болница Скопје, другиот на Ургентното одделение на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Екипа на СВР Скопје изврши увид на местото на настанот“, информираат од СВР Скопје.

Претходна вестВремето денес сончево, попладне краткотрајно невреме
Следна вестЦУК: 1.764 повици на бројот за итни случаи 112 во последното деноноќие