Вардар го победи Работнички со 1:0, во градското дерби, во 11.коло, во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички го забележа шестиот пораз и се наоѓа на седмото место со 13 бода. Вардар остана на последното место со осум поени.
Дербито го реши Мицевски од пенал во 77.минута. При прославата на голот капитенот на Вардар се повреди, па неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот.
Резултати, 11.коло:
Гостивар-Воска 1:1
Македонија ЃП-Струга ТЛ 0:3
Шкендија-АП Брера 1:1
Силекс-Тиквеш 1:0
Шкупи-Брегалница 1:0