Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека добил уште една пресуда против СДСМ. Овој пат, како што вели, се работи за пречистителната станица на Град Скопје.
-Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември, уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене.
Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер што подоцна го потпиша Градот со грант обезбеден од оваа Влада.
Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но, и тоа нема да биде долго зашто остана уште малку до смена на власта кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.