Премиерот Христијан Мицкоски како нов премиер ја пријави имотната состојба во Државната комисија за спречување на корупција. Во анкетниот лист што го пополнил Мицкоски е наведено дека од недвижен имот поседува куќа во Влае која ја купил за 26,8 милиони денари или речиси 440 илјади евра во 2014.
Мицкоски пријавил и девизен депозит во евра, но не ја истакнал количината на странски девизи кои ги чува на штедна книшка.
Новиот премиер пријавил и дека должи околу 400.000 денари кредит.
Мискоски пријавил и дека поседува рачни часовници во вредност од околу 52.000 евра. Во првата графа е наведено дека во лична сопственост има рачни часовници стекнати во 2015 година во вредност од 824.052 денари (околу 13.000 евра). Во другата графа, пак, навел дека има рачни часовници стекнати во 2016 година во вредност од 2.384.202 денари, односно, околу 38.000 евра.
Пријавил и дека поседува и уметнички слики кои вредат 614.717 денари, односно, околу 10.000 евра.