Во најава е германска инвестиција во Македонија. За тоа денеска зборуваше премиерот Христијан Мицкоски.
-Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија, најави претседателот на Владата одговарајќи на новинарско прашање.
Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, ќе донесе некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии.
-Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ. Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок, соопшти премиерот Мицкоски.