Предлог да се формриаат работни групи во македонското Собрание кои што ќе го разгледуваат францускиот предлог изнесе синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој пред синиќешниот протест пред Владата упати нов предлог до власта.
-Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ. Често пати, да не речам секогаш, тие излегле дека се невистина. Да формираме работни групи, од пратеници од опозицијата, од властам од помали и поголеми партии, бидејќи денеска гледаме дека утре ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека „само оние кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“.
-Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против диктатот на последниот предлог, рече Мицкоски.