Мицкоски со фотографии од војска: Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Ковачевски

Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на нападите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имено вчера Али Ахмети во Тетово изјави дека Мицкоски војната во 2001 година ја гледал на телевизија.

– Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Претходна вестАхмети: Мицкоски гледал војна само на телевизија
Следна вестСДСМ: Милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев