По прегласувањето очекувам 62 пратеници, ќе водиме принципиелна политика со соседите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува уште еден мандат и мнозинство од 62 пратеника во парламентот.
Како што изјави вчера во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.
-Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.
Тој најави дека идната влада ќе води принципиелна политика со соседите и ќе се залага за принципот своето не го даваме, туѓото не го сакаме, потенцирајки дека нема да се прават избрзани чекори. Мицкоски отфрли какво било безпотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.