Милчин: Следната Влада ќе добие тешка шлаканица на локалните избори по што ќе има предвремени парламентарни избори

Кризата нема да заврши ниту денес, ниту утре. Тоа што Владата ќе ги објави имињата на оние кои не ги дале парите на граѓаните на кои се наменети нема да значи ништо ако тие пари не бидат вратени и распределени на оние кои токму тие пари се наменети и потребни, вели Владимир Милчин во интервју на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Зборувајќи зошто граѓаните не гласале за ВМРО-ДПМНЕ, тој вели:

Опозицијата на изборите е чекор назад пред избори бидејќи власта подразбира некаква предност. Власта може да ја критикуваме поради тоа што не ги исполнила ветувањата, но има предност пред опозицијата бидејќи има механизми во рацете. Власта може да направи поткуп. Не би амнестирал никој власт од поткуп. Сметам дека тоа секогаш го имало. Оваа Влада нема да има долг век. Не знам дали в година ќе има нови избори, но ќе има проблем за нејзина функционалност. Оваа Влада која ќе се формира тешко ќе функционира. Сите имаат гревови и сите си ги знаат гревовите. Таа Влада сега нема да има јасна програма, туку ќе биде како да се распределат ресорите. Мислам дека на локалните избори ќе има резултати кои ќе бидат тешка шлаканица.

Претходна вестВладимир Милчин: Овие избори не се регуларни и јас на овие избори не гласав
Следна вестИВЗ ја откажа главната манифестација по повод Курбан Бајрам