Владимир Милчин: Овие избори не се регуларни и јас на овие избори не гласав

Ова беа први избори на кои јас не гласав. Мислам дека ниту со следната Влада нема да имеме ситуација во која граѓаните ќе можат да видат дека партиите кои ја формирале Владата дека ги исполнуваат предизборните ветувања. Се плашам дека граѓаните ќе видат дека партиите нема да го видат тоа исполнување, вели Владимир Милчин во интервју на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тоа што најмногу го очекував беше правда. Правда нема. Ние сега видовме нешто што потврдува дека во Република Македонија, Северна каква што ја викаат, јас имам проблем да го изговорам тоа „Северна“, веројатно до смртта ќе го имам тој проблем, кај нас владее клептократија и теократија. Нашите политички партии, трите најголеми сите имаат демократска во името, а никој не го заслужува тоа „д“. Тој триагиолник оневозможува Македонија да биде демократска држава.

Милчин во „Само вистина“ вели дека токму овие три партии ќе го забават процесот на европеизација и смета дека немаме никакви причини за оптимизам во борбата против коронавирусот.

  • Има земји за кои сме мислеле дека лесно ќе се справат со коронавирусот а таму луѓе умираат по улица. Немаат ниту бројки, луѓето не се важни според нив. Тоа веќе се граничи со нецивилизираност.

Милчин зборуваше и за пописот на населението и вели дека на Македонија и е итно потребен таков процес да се види колку луѓе имаме во државата, но и за да се добие доверба во новоизбраните владејачки структури на власт.

  • Тоа што нема попис отвара сериозни сомнежи. Ако на тоа се доаде хакирањето, упадот во ДИК, како тоа ние да имаме доверба во резултатите од изборите. Толку денови не можеа да ги пребројат гласовите. И тоа отвара сомнежи. Не мислам дека имавме регуларни избори. Ние како резултат на тоа ќе имаме чудна и нефункционална Влада која нема да работи во интерес на граѓаните, туку на бизнисот залепен за нив, вели тој.
Претходна вестМВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО
Следна вестМилчин: Следната Влада ќе добие тешка шлаканица на локалните избори по што ќе има предвремени парламентарни избори