Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите против Молдавија и Црна Гора

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22 март, 15.30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25 март, 18.00 часот).

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери.

ГОЛМАНИ:

Столе Димитриевски– Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан Шишковски – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан Илиев – Сараево, Босна и Херцеговина.

ОДБРАНА:

Висар Муслиу – Падерборн, Германија, Тодор Тодоровски – Политехника Јаши, Романија, Никола Серафимов – Фехервар, Унгарија, Јован Манев – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан Димоски – Акрон Тољати, Русија, Ахмед Иљазовски – Хвидовре, Данска, Стефан Ашковски– Алашкерт, Ерменија, Ѓоко Зајков – Крајова, Романија , Дарко Велковски – Динамо Букурешт, Романија.

СРЕДЕН РЕД:

Енис Барди – Трабзонспор, Турција, Јани Атанасов – Краковија, Полска, Агон Елези – Бохум, Германија, Давид Бабунски – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир Костадинов – Пјаст Гливице, Полска, Давор Здравкоски – Медервел, Шкотска, Елиф Елмас – Лајпциг, Германија.

НАПАД:

Бојан Миовски – Абердин, Шкотска, Милан Ристовски – Бохемианс 1905, Чешка , Дарко Чурлинов – Шалке 04, Германија , Александар Трајковски – Хајдук, Хрватска, Димитар Митровски – Вараждин, Хрватска, Ердон Даци – Беверен, Белгија, Лирим Ќамили – Хвидовре, Данска.

Претходна вестСобрание: Не е донесен Законот за игри на среќа, недостасуваа 10 гласови
Следна вестДетектори за лаги ќе има во Владата или таму би прегореле?