Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера.
Научниците претходно објавија дека 2023 година е најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но студијата во списанието Nature сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснаа летните врвови многу повеќе од она што е забележано во два милениума.
-Не треба да бидеме изненадени од тоа, изјави водечкиот автор на студијата Јан Еспер за АФП.
-За мене тоа е само продолжение на она што го започнавме со ослободување на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување, рече Еспер, професор по климатологија на германскиот универзитет Јоханес Гутенберг.
Конзервативната проценка покажа дека 2023 година била најмалку 0,5 степени Целзиусови потопла од најжешкото лето на северната хемисфера во тој период, кое било во 246 година од нашата ера.
Инаку потопло било за дури 1,19 степени.
Коавторот на студијата Макс Торбенсон им рече на новинарите дека 25 од изминатите 28 години ги надминале летните врвови од годината 246 – најтопла пред да започнат современите температурни рекорди.