Запален автомобилот на директорот на затворот „Идризово“, се огласи и МВР

Изминатата ноќ е запалено возилото на директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

Опожареното возило на паркинг во Кисела Вода, зад економското училиште, зафатило и дел од фасадата и балконите од најблиската зграда.

Екипи на МВР извршиле увид на местото на настанот.

-На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј., се вели во краткото соопштение на МВР.

Претходна вестМинатото лето беше најтоплото во последните 2000 години
Следна вест20-годишна девојка исчезна од својот дом во Мралино, случајот го пријавил таткото