Министерката Петровска ги одби Украинците за донација на воена опрема

По двете барања на кои како држава одговоривме позитивно, Украина со ново барање за донација на воена опрема од Македонија. Министерката Славјанка Петровска информираше дека Не сме во можност да одговориме позитивно“.

Станува збор за барање кое пристигнало до нашата држава пред еден месец.

– Да има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето, рече Министерката за одбрана Петровска.

Од Министерството за одбрана додаваат дека опремата која ја барала Украина се уште се користи ѝ е потребна на нашата држава.

Претходно два пати имавме позитивни одговори кон Украина. Тогаш, министерката за одбрана потврди дека земјава ѝ донирала авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија.

Претходна вестАнтикорупциска: Актуелен судија од Основен суд Тетово сам си ги поправал оценките со пречкртување
Следна вестДенеска нема службени возила низ Скопје