Министерот за здравство во заминување Илир Демири го потпишал решението со кое се разрешува медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, доктор Данил Петровски. Решението денес пристигнало во правните служби на Клиниката, а за разрешувањето го потврди Министерството за здравство. Оттаму кусо соопштија дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.
Од Министерството нема најава дека ќе се повика на одговорност организациониот директор Бесија Иљази или дали се истражуваат наводите за лошо менаџирање со финансиите на Клиниката, а на што се жалеа вработените во оваа Клиника. Тие денеска издадоа соопштение во кое наведуваат дека јавноста очекуваше разрешување на Илјази. Тие додаваат дека продолжува самоволието на економската директорка.
-И покрај наодите на ДЗСИ таа ги потикнува они елица на коишто им е истечен договорот на дело да доаѓаат на работа. Чиста шпекулација е дека имало говор на омраза на етничка основа од страна на медицинскиот директор. Заради несоработката со економската директорка не се најде модул за функционирање на токсиколошка лабораторија, која е од круцијално значење, објавија вработените.
Клиниката за Токсикологија во изминатите еден и пол месец беше во фокусот на јавноста поради низа скандали, беше поплавена. Откриени беа обиди за лажирање на резултати, зголемување на долговите, а дел од вработените се пожалија и за работењето на организациската директорка. Илјази која седна на директорското столче еден ден пред формирањето на техничката Влада и на работа оди со преведувач.