Министерот за спорт Борко Ристовски пушти во употреба ново спортско игралиште во Василево

Денес, министерот за спорт Борко Ристовски, на покана на градоначалникот на општина Василево, свечено го отвори новото повеќенаменско спортско игралиште. Овој проект е значаен чекор напред за спортската инфраструктура во општината.

Министерот Ристовски ја истакна важноста на ваквите проекти за промоција на спортот и здравиот начин на живот, особено кај младите. „Ова игралиште ќе биде место каде младите ќе можат да ги развиваат своите спортски таленти и да се дружат,“ изјави Ристовски, изразувајќи благодарност до сите кои го поддржаа овој проект.

Игралиштето ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот во Василево.

 

 

 

Претходна вестЦИК на СДСМ: Изборите за лидер беа демократски и кредбилни, имаше само еден приговор
Следна вестМВР: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб