Минувачи нашле починат маж на кејот на Вардар, полицијата врши увид

Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката.

Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето.

Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.

Претходна вестСанкционирани 140 лица во Скопје, еве за што ќе треба да плаќаат казни
Следна вестАлбанец баран од Интерпол уапсен во Македонија